По ракометарите и одбојкарите, Заев не им донесе среќа ни на фудбалерите

Присуството на премиерот Зоран Заев (со сопругата Зорица) на трибините на Националната арена во Букурешт не им донесе среќа на фудбалските репрезентативци на Македонија, кои загубија со 3:1 од Австрија во дебито на Европското првенство.



Претходно, Заев беше сведок на поразите и на ракометните, и на одбојкарските репрезентативци на големите натпреварувања.

Македонските ракометари на ЕП 2018 во Хрватска триумфираа во групата во Загреб со победите над Словенија и Црна Гора и ремито со Германија, по што претседателот на Владата дојде да ги бодри во главната фаза во Вараждин, во која „црвено-жолтите“ ги загубија сите три средби – со Шпанија, Чешка и Данска.

Конечно, минатиот викенд Заев навиваше и за одбојкарската селекција на Македонија во финалето на Европската сребрена лига во салата „Парк“ во Струмица, во која избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ беа поразени од Данска и по четврти пат останаа без златен медал во ова натпреварување.