Според последните информации, 135 лица беа повредени на демонстрациите во Франција, вклучително и 17 полицајци.



Речиси 1.000 луѓе се уапсени, а според францускиот министер за внатрешни работи Христоф Кастене на протеститѕе низ цела Франција излегле 125.000 демонстранти, додека само во Париз имаше 10.000.

Дури 89.000 полицајци беа ангажирани во пресрет на 4 протести против политиките на францускиот претседател кои започнаа како бунт против исоките цени на горивата.

Претседателот Емануел Макрон, доцна синоќа преку својот Твитер профил им се заблагодари на полицајците за „храброста и професионализмот“.

 

Француските власти започначе истрага за да се проверат лажните акаунти на социјалните медиуми кои повикуваа на протестот на „жолтите елеци.

Засега тие не го коментираат пишувањето на британскиот весник „Тајмс“ дека стотици лажни профили од Русија поттикнувале на зголемување на бројот на учесници на протестите.