По пријава од граѓанин инспектори за животна средина влегле во Макстил

Деновиве бил направен вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина со цел утврдување на емисијата на гасови на мерните точки во Макстил АД.



“Во очекување на резултатите од лабораторијата на ДИЖС, би сакале да ја информираме јавноста дека според мерните инструменти на Макстил, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола (измерените вредности се многукратно помали од дозволените)”, се вели во соопштението на ДИЖС.

“За време на посетата инспекторите информираа дека има поплаки од граѓаните за зголемена бучава по што беа презентирани мерењата на бучавата согласно А дозволата извршени од страна на надворешна акредитирана лабораторија и беше утврдено дека се во рамките на дозволеното”, велат од компанијата.

Покрај Макстил АД, во комплексот на поранешна Железарница работат преку 60 правни субјекти, од кои според ДИЖС, голем дел немаат ни основни еколошки елаборати, пренесува Слободен Печат.

“Приоритет ни е како компанија почитување на сите законски обврски и сигурни сме дека во секој момент производниот процес работи според А интегрираната еколошка дозвола. Ја поздравуваме професионалноста и ангажираноста на инспекциските служби и ги охрабруваме и понатаму да продолжат со редовни и вонредни контроли и проверки, како би се детектирале вистинските учесници кои придонесуваат во загадувањето на Скопје за истото да се спречи за доброто на сите”, велат од „Макстил“.