По празникот ќе „стегнат“ за уставни измени, вели Милошоски

уУцени, закани и парични понуди за, како што додаде, некој да попушти, предупредува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.,



Тој очекува по празниците власта да почне да врши притисок кон опозицијата и пратениците за поддршка на уставните измени, изјаво синоќа за „Патот кон“ на Алсат.

Уварен е дека власта би користела уцени, закани и парични понуди за, како што додаде, некој да попушти, а како што рече, работата на групата за уставните измени во Министерството за правда од самиот старт е девалвирана.

Уште не се знае кога „работната група“ ќе почнела со работа но:

„Академикот Камбовски, професорката Рената Дескоска и други, од нивни добри познати и пресметани причини, одбија да бидат дел од оваа група, затоа што знаат дека оваа работна група има за цел да претстави дека нешто се работи. Доколку Владата беше сериозна и смета дека има соодветна бројка ќе ги почнеше овие консултации во Собранието, каде што претседател на Комисијата за уставни прашања е господинот Талат Џафери“, рече Милошоски.