Романскиот премиер Флорин Чицу по пожарот во Инфективната болница во Констанца, во кој животот го загубија 7 пациенти, вчера најави разрешување на менаџерот на Болницата каде се случи пожарот и на претседателот на Националната агенција за управување со квалитетот во болниците, јави News.ro.



Пожарот што избувна во одделот за интензивна нега во Клиниката за инфективни болести, ќе се истражува од надлежните органи и целиот случај ќе се третира како кривично дело повеќекратно убиство, изјави извор од судството за вестите на Аџерпрес агенцијата, а пренесува и светската сгенција АП.