Денеска беше отворен, но само за автомобили, граничниот премин Ново Село-Златарево, кон Бугарија, кој вчера беше затворен откако избувна пожар од бугарска страна, информира МВР.
Товарни возила сè уште не се пропуштаат.
Агенцијата „БГНЕС“ јави дека пожарот избил во административната зграда на пунктот и дека во пожарот нема повредени.
„За среќа немаше повредени, но беше направена огромна материјална штета, многу документи беа уништени“, објави „БГНЕС“.





