Шефот на украинската воена разузнавачка служба тврди дека двојник на Владимир Путин можеби бил искористен за посетата самитот во Техеран оваа недела, пренесува Daily Mail.
Украинските разузнувачи забележале дека тој се движел невообичаено брзо и бил повнимателен од претходните јавни настапи, а тврдат и дека рускиот лидер изгледал неспретно додека се спуштал по скалите на својот претседателски авион во Техеран, пред да влезе во лимузината.
Врховниот разузнавачки генерал-мајор Кирило Буданов ги изрази своите сомнежи во интервју што го даде за еден украински канал.
„Само ќе навестам. Ве молиме погледнете го моментот кога Путин излегува од авионот. Дали е тоа воопшто Путин“, се запрашал Буданов.
Посетата на рускиот лидер на Техеран, каде што се сретна со иранското раководство и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, привлече светско внимание.
Тоа беше втор пат Путин да излезе од Русија од почетокот на војната во Украина пред пет месеци.
Инаку, Путин пред две години призна дека се размислувало за користење на неговдвојник, но тврдел дека идејата била одбиена.
Оваа идеја датира од раните 2000-ти, кога Русија беше погодена од терористички напади. Тогаш неговите најблиски соработници го советувале дека на настани каде што шефот на државата може да биде загрозен, неговото место да го заземе двојник.
Во меѓувреме, рускиот политиколог Валери Соловеј оваа недела го оспори тврдењето на директорот на ЦИА Вилијам Барнс дека нема разузнавачки информации кои сугерираат дека Путин е сериозно болен.
Соловеј, кој долго време тврдеше дека рускиот лидер е болен, рече дека „Американците, особено ЦИА, имаат информации за вистинската здравствена состојба на рускиот претседател“. „Тие дефинитивно знаат дека има сериозни проблеми, вклучително и психолошки“, заклучи Соловеј.







