По пет месеци пронајден украден камион-ѓубретарец

Камион за собирање ѓубре на ЈП „Комунална хигиена“ кој „исчезна“ во ноември – бил пронајден во Старо Нагоричане.



Возилото на кое му се изгубил траг откако било однесено на сервис за поправка, било пронајдено на 4 март, но се уште не е вратен на ЈП Комунална хигиена поради вештачење, дознава порталот СДК.

Не е познато дали е познат крадецот на камионот.