По пензионеркиот бунт, власта ќе го разгледува барањето за 3.500 денари раст на пензиите, кој си игра мајтап со највозрасните граѓани?!

Единственото барање на пензионерите кои протестираат, да се зголемат пензиите за 3.500 денари ќе биде разгледано од Работнта група, најави денеска од Пробиштип, министерката за труд и социјала Јована Тренчевска. Но дали линеарното покачување ќе биде законски и уставно, ќе се чека на мислење и од Уставниот суд, како и од правно експертска јавност, пренесува ТВ „Алфа“.



  • – „За линеарното усогласувње ќе биде доставено барање за стручно мислење и од Уставниот суд доколку дадат стручно мислење или иницијатива и до Законодвно правната комисија. Меѓутоа ќе побараме и од правната експертска јавност  да видиме дали линеарното покачување е согласно Устав и согласно Законот за пензиско и иналидско осигурување„ изјави Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Што се однесува пак до барањето на пензионерите кои протестират  да бидат дел од работната група бидејќи во целост не му веруват на Сојузот, Тренчевска со одговор дека во групат веќе имат преставници, а тоа се членови од Сојузот на пензионери.

  • Најавата за процентуалното зголемување на пензиите, е причина за изминатиот период пензионерите излезат на масовни протести. Вчера протестирааа и пензионерите од Свети Николе кои на власта и порача дека и овие 3.500 денари што ги барат, се малку во време кога цените вртоглаво растат, а граѓаните одвај крпат крај со крај.