По Пендиков и Ване Цветанов ,,се кандидира” за стан во Софија, плата и бугарско обезбедување

Екс функционерот на СДСМ Ване Цветанов кому му се заканува нов затвор за кривично дело направено како директор на Совет за унапредување и надзор на ревизијата започна јавно да упатува пораки дека Македонците и Бугарите се ист народ и не демантира дека по 50 години живот се осознае и почнал да се чувствува како Бугарин.



Од пред неколку дена Цветанов почна да објавува постови и на бугарски јазик во кои тврди дека бил погрешно образуван и затоа доцна разбрал дека е Бугарин.

Со тоа Цветанов кој во јавноста е познат по своите љубовни афери со манекенката Дунавка Трифуновска која незаконски работела во институцијата што ја водел неформално се кандидира за добивање на стан, плата и обезбедување во Софија.

Предходно осомничениот за трговија со дрога Христијан Пендиков откако беше претепан од лица меѓу кои има и најмалку еден со бугарско државјанство доби стан, плата и обезбедување од бугарските власти.

За бугарското чувство на Цветанов пишува бугарскиот радикал Виктор Стојанов кој има забрана да влезе во земјава.

Ване Цветанове е поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам во времето на Никола Груевски а СДСМ го назначи за претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата. Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“, во октомври 2014 кога беше осуден на 3 години затвор.