По пандемијата „Виз Ер“ ги обновува летовите од Скопје и Охрид

Авиокомпанијата „Виз Ер“ најави дека постепено повторно ќе отвори седум линии кои беа затворени за време на пандемијата и дека воведува две нови од Скопје и Охрид, почнувајќи од март и мај.



Од Скопје повторно ќе може да се лета до Билунд (Данска), Бремен, Рим-Чампино, Турку (Финска) и Векше (Шведска) и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген во Германија. Дополнително, „Визер“ ќе почне со работа на две нови линии: Охрид – Лондон-Лутон и Скопје – Малта. Овие рути се надополнуваат на постојните од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации, велат од „Виз Ер“.