Декласифицирани документина ФБИ откриваат дека САД по веста за самоубиствто на Хитлер на 30 април 1945 вршеле истрага со цел да утврдат дали нацистичкиот лидер бил навистина мртов.



ФБИ спроведувало темелно истражување за гласините дека Фирер избегал во Аргентина со подморница пет месеци по денот кога наводно се самоубил.

Тајните документи за истрагата, за кои се повикува Раша тудеј,  вклучуваат писма меѓу поранешниот директор на Федералната канцеларија за истражување, Џ. Едгар Хувер и неговиот персонал.

Првиот документ датира од 21 септември 1945 година, две недели откако Јапонците се предадоа на САД по атомските бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки.

Според  теоријата дека  Хитлер сепак се спасил и жив ја напуштил Германија, „тој нашол уточиште  во подножјето на Андите“ по неговото доаѓање во Аргентина.

 Со него патувале околу 50 нацисти и нивните семејства.

Хитлер, наводно ги избричил мустаќите а неговото здравје било нарушено поради страдањето од астма и чир.