Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, изјави дека по негова инструкција, чеченските единици повторно се вратиле да се борат во Украина, јавува руската служба на Би-Би-Си.
Тој објави видео во кое пратеникот на руската Државна дума Адам Делимханов, придружуван од чеченската војска, вели дека републиканските единици „во износ од 10.000 луѓе“ ќе дејствуваат во „Керсонската област, Запорожје и Доњецката Народна Република“.
Според Кадиров, чеченските единици по добиеното отсуство се вратиле во Украина.








