По освојувањето на рекордниот 24 грен слем Ѓоковиќ му оддаде почит на Коби Брајант

фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Откако ја освои 24 рекордна титула, Новак Ѓоковиќ во Њујорк му оддаде почит на починатиот легендарен американски НБА кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и негов пријател Коби Брајант.



Веднаш по завршувањето на финалниот натпревар на „УС Опен“, Ѓоковиќ облече дрес со бројот „24“ и со порака: „Мамба засекогаш“.

Брајант во текот на професионалната кариера го носеше бројот „24“, бројот кој Коби го носеше на својот дрес во најславните денови во кариерата, а кој Србинот реши симболично да го обедини.

– Оваа маица… Размислував да ја направам пред седум дена, никому не му кажав, само ги замолив луѓето од тимот да ми помогнат. Коби ми беше близок пријател, зборувавме многу за победничкиот менталитет, како да се вратам по повредите и да бидеме на врвот на играта. Тој беше еден од луѓето на кои најмногу сметав, секогаш беше тука како поддршка. Бев погоден од неговата смрт. Го носеше бројот „24“ кога стана легенда на Лејкерси и светската кошарка, па вака на убав симболичен начин се сетив на него – рече Ѓоковиќ.

Откако ја облече маицата, Новак ја бакна и со рацете покажа кон небото. Коби Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа, при што загинаа уште осум лица, меѓу кои и Џана Брајант, ќерката на Коби.

По финалето на социјалните мрежи се огласи и сопругата на Коби, Венеса Брајант. Таа му ја честиташе победа на Ѓоковиќ и порача:

„Честитки Новак, тој е тој мамба менталитет. Вистинскиот го препознава вистинското“.

фото: Инстаграм