Пратеникот Арбер Адеми е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, откако доскорешниот координатор Изет Меџити поднесе оставка.
Како што објави МИА, извори од ДУИ изјавиле дека Адеми е избран со потписи од сите пратеници од парламентарната група на ДУИ. Оттаму додаваат дека потис ставил и поранешниот координатор Изет Меџити и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Инаку, Арбер Адеми е и претседател на собраниската Комисија за европски прашања.






