По обвинет со скршена нога, на судење донесен и позитивен од Ковид19

Нов инцидент во скопскиот кривичен суд каде по Миле Јанакиевски со скршена нога на барање на обвинител денеска бил донесен и инфициран со Ковид.



“Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен, има симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирано присуство на ковид-19 на брз антигенски тест на ковид-19. Согласно Уредбата на Владата обвинетиот Камчев треба да е во самоизолација, но тој е присутен бидејќи сѐ уште нема Решение”, рече пред денешното судење за случајот Плацеви на Водно адвокатот на Камчев Ристовски.

Обвинителката Лиле Стефанова, според Инфомакс рекла дека тестот кој бил направен вчера покажува дека лицето некогаш имало контакт со вирусот, а не дека е позитивно.

По ова, судењето за „Плацови на Водно“ се одложи.

Зошто воопшто позитивен на Ковид е внесен во судот е енигма на која треба да одговорат судските власти.