Од 1-ви јануари, цената на струјата ќе се зголеми многу повеќе од 10 % , како што претходно смируваа од владата.



Според првичните барања на енергетските компании сметките би биле за околу 38 отсто повисоки по Нова година.

Дел од барањата стигнале до Регулаторна, а претседателот на „РКЕ“ Марко Бислимовски за „Канал 5“ рече дека го чекаат и барањето од „МЕПСО“, а нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување на крајната сметка. Освен „МЕПСО“, се очкеува и барањето на „ЕВН Хоум“.

Бислимоски рече дека пристигнало првото барање од компаниите за зголемување на струјата, при што Електродистрибуција побарала зголемување на цената на струјата од 100%.

„Побарано е 100% пред се зголемени трошоци за загуби. Вкупно се 140 милиони евра заради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 – 34% на крајна цена. Доколку е така крајна цена дополнително 4%, значи без ЕВН 37-38% зголемување,“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Од Владата уверуваа(т) дека поскапувањето нема да надмине 10%. Но, Регулаторната комисија сепак ќе го има последниот збор.