Пожар избувна утрово во катедралата во градот Нант, западна Франција, јави дописникот на МИА.
Пожарот не е под контрола, беснее во целосна сила, соопшти противпожарната служба, која добила сигнал во 7.44 часот.
Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година.
Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на пожарот.
Kатедралата е прогласена за историски споменик во 1862 година.





