Колегата – министер од МНР, Никола Димитров на прес конференција му предложи на техничкиот премиер разрешување на колешката Рашела Мизрахи. Вознемирен, веројатно, од пристигната вербална нота од Атина поради прекршување на Договорот од Преспа со менувањето на таблата во Министерството за труд и социјална политика.



„Мизрахи го прекрши уставот, иако при доаѓањето на таа функција се обврза да го почитува и да го брани уставот. Грција испрати протесна нота за овој случај“, рече Димитров.

Димитров му предложил на Оливер Спасовски нејзино разрешување додека се уште не е распуштено Собранието, поради тоа што нејзиното однесување може да предизвика дополнителни прекршувања на Уставот.

„Ова претставува грубо прекршување на Договорот од Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на Договорот од страна на министерот за труд и социјална политика и од министерот за внатрешни работи. Амбасадата го посочува фактот дека Договорот од Преспа мора да биде доследно и посотојано почитуван“, пишувало во вербалната нота.