Град Скопје соопшти дека Денеска од 12 часот запираат вонредните мерките преземени поради загадувањето воведени на 27 јануари во 18 часот, соопштија од Град Скопје.
„На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината“, стои во појаснувањето за укинувањето на мерките.





