По нападот врз Додевска од ТВ24, Костовски ја нападна и Арсова од Сител

Новинарот Љубомир Костовски кој се претставува како уредник на Неделникот Глобус пред десетина дена ја нападна главната уредничка на ТВ24 Анета Додевска дека ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ а денеска почна вербален напад кон уредничката на Сител Славица Арсова.



Костовски кој е соработник на медиумскиот тајкун Џабир Дерала денеска во јавна рецензија тврди дека Арсова удирала под појас кога објавила зошто Џафери ја прекинал седницата на Собранието за уставни измени.

Во нападот врз Арсова Костовски пишува дека таа прва направила интервју со Груевски по неговото бегство а сега во контекст на новата ситуација во собранието за неа тврди дека е непоправлива.

Во текстот со наслов ,,НЕПОПРАВИМИТЕ ОД СИТЕЛ” Костовски ја обвинува Арсова дека
кратела информации и со тоа влијаела на вистината.

,Започнува дневниот на Сител во 19 часот и после гонгот веднаш Арсова удира под појас – спикерот на парламентот признал дека донел политичка одлука (!) кога не дозволил гласање по исцрпување на седницата за промена на Уставот. Тоа е констатација која е избрана во текот на денот и како мантра ќе има чест да ја „отвори“ токму Арсова (новинарката која имаше „чест“ да направи интервју со бегалецот од правдата Груевски, да потсетиме).

Вистина е дека спикерот Џафери на пресот рече дека таа одлука e „и според Деловникот и според политичка проценка“ ама кусењето е класичен фаул врз вистината врз што се базира содржината на клучните прилози од Дневникот.

ВМРО ДПМНЕ ја прекина седницата таа приквечерина за да даде изјави за медиумите и ги содржеше оние насоки кои Сител секако си ги добил и по друг пат (за да се приготви).

Втората тема, која секако требаше да биде прва (самитот во Атина) беше „зајакнат“ со гостување на екс-дипломатот Васко Наумовски кое пак почна со испрашувања по прашања за седницата на Собранието, со што во старт девастира се’ како можност да е приоритетна средбата на големите имиња на европската политика во главниот грчки град, барем и само како наворешно-политичка тема.
Бугарите, кои секако трлаат раце од таквите однесување на македонските новинари, би рекле за однесувањата ала Арсова- „непоправима“, пишува Костовски во својата анализа на Арсова.

Предходно Костовски нападна уште една телевизиска новинарка.

По нападот врз Додевска, Костовски ја обвини ТВ24 дека била непријателска кон СДСМ и ДУИ

Соработник на Џабир Дерала ја обвини уредничката на ТВ24 дека ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ