Новинарот Љубомир Костовски кој се претставува како уредник на Неделникот Глобус вчера ја нападна главната уредничка на ТВ24 Анета Додевска дека ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ а денеска продолжува со нападот кон телевизијата која ја водат Додевска и претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски.
Костовски кој е соработник на медиумскиот тајкун Џабир Дерала денеска во јавна рецензија тврди дека вестите на ТВ24 се непријателски кон власта на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

,,ТВ 24 најавува променада на Широк сокак.
Во вестите на ТВ 24 во 14 часот целата структура на вести беше апсолутно непријателска кон власта. Да се држи каква тензија па макар и вештачка. Ударно требаше да се прави настан од конкурсот на Бехтел и Енка во Гостивар околу саемот за вработување во оваа фирма. Најавата беше дека во Гостивар нема заинтересирани за работа, бидејќи нема млади. И… следува анкета. Во анкетата имаше четворица граѓани. Само еден беше млад и тој изјави дека би прифатил било каква работа само да му ја понудат! Другите беа возрасни луѓе кои главно говореа за претпоставки и тоа на инсистирање на новинарот. Каков е квалитетот на така структурираната анкета, нема да говорам. Колку да ја има. Најави продолжување на темата во 17 часот.
Имаше и вест за продожување на протестот (а не штрајкот, како што често се крсти) на Широк сокак во Битола во 19 часот. Тоа се вика најава и повик за протест а не вест. Потоа, да се потсетиме, за пензионерите од градот тоа е време кога имаше корзо и кога тие излегувале на него. Ова всушност и не е протест, туку покана за променада”, пишува Костовски во новиот напад кон ТВ24 откако вчера лично ја нападна Додевска дека била бранителка на ВМРО-ДПМНЕ.
Соработник на Џабир Дерала ја обвини уредничката на ТВ24 дека ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ






