По нападот на Бихаќка врз нејзиниот син, мајката на Лазаров ја искина членската книшка на СДСМ

По нападите на СДСМ околу Југјуб каналот на нејзиниот син Стефан Лазаров за гостувањето на новинарот Драган Павловиќ Латас на неговата емисија, неговата мајка, Анита Лазарова која е член на СДСМ – ја искина партиската книшка и тоа го објави на Фејсбук



Предходно во нападот се вклучија пратеник на СДСМ, Форумот на жени на СДСМ како и партискиот експретседател Зоран Заев. :

,,Долго време размислувам да го направам тоа, но вечерва навистина ја претеравте само затоа што мислите дека од позиција на моќ можете се!
Да објавиш вакво нешто само затоа што не ти се допаѓа гостинот, а притоа етикетираш млад човек. За да објавиш вакво нешто само само затоа што ме ви се допаѓа гостинот а притоа да етикетираш млад човек за насилство врз жени е многу ама многу примитивно. Жалам за моите сопартијци со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ, сеуште ја сакам ДЕМОКРАТИЈАТА”, напиша мајката на Стефан Лазаров.