„Ги повикувам сите колеги астронаути, утре во 17 часот да се чекаме пред вселенската станица Ќустендил за да го одработиме првиот тренинг“, напиша Игор Џамбазов, по најавата на лидерот на бугарската „Има таков народ“, Слави Трифонов, дека откако сам ќе состави влада, ќе испрател двајца космонаути од Бугарија и еден „северномакедонски астронаут„ во вселената.
На социјалната мрежа Инстаграм, Џамбазов објави готографии кои докажуваат дека сериозно го сфатил предлогот од несериозниот лидер на идната бугарска партија кој со бугарската јавност комуницира преку социјалните мрежи, а вчера така го соопшти и составот на, според него, идниот владин кабинет.
Во македонската јавност нема дилеми дека – доколку паријата на Трифонов ја направи следна влада – иден преговарач со Бугарија на местото на Бучковски треба да биде Игор Џамбазов, со оглед на една блиска средба од минатото меѓу двајцата шоумени.
Саркастичниот предлог на Трифонов, поранешен шоумен кој влегува во политиката, беше примена со потсмев и во бугарската јавност.






