По повеќе од еден и пол месец, во Словенија е забележан нов смртен случај кај пациент заразен со Ковид-19.
Досега 112 пациенти починале во Словенија како последици од инфекцијата со коронавирус.
Од 480 тестирани во последните 24 часа шестмина се позитивни з пренесува агенцијата СТА.
Хоспитализирани се 18 пациенти, но нема пациенти на интензивна нега.
Инфицирани се вкупно 1.946 лица, а тестирани се 120.536.






