Српскиот претседател Александар Вучиќ и членовите на српската Влада денеска во 10:30 часот ќе и се обратат на јавноста.



Од зградата на Претседателството ќе се обратат Вучиќ и членовите на кабинетот на Ана Брнабиќ, јавуваат медиуми

Причина се трагичните настани што ја тресат Србија: масовното убиство во основното училиште во Врачар и масакрот што го изврши 21-годишен млад човек во Младеновац. синоќа, при што загинаа осум лица, а 14 од нив беа повредени.