„Во саботата заедно со канцеларот на Австрија Карл Нехамер албанскиот премиер на Албанија Еди Рама учествуваше во Европскиот форум Вахау на тема ‘Зачувување на иднината на Европа и проширувањето на ЕУ’.“ – објави информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија и Балканот во информацијата со наслов „Рама: Ние Албанците мислиме дека сме најстари, а Грците мислат дека после нив дошле мајмуните’.“
ИНА пишува: „Покрај тоа што ја критикуваше ЕУ дека не се придвижува во однос на балканските земји, во својот говор Рама се пошегува и во врска со балканските народи. Вниманието го привлече битката за ‘историските вистини’ околу антиката на балканските народи. Во овој аспект, Рама ја спомена трката меѓу Албанците и Грците кој е најстар на Балканот.“
„На Балканот сите имаме на ум дека сме најстари. Ние, Албанците, мислиме дека сме најстари, оти сме оние кои дојдоа по мајмуните во еволуцијата на Дарвин. Ако ги прашате Србите за тоа, нема да ви остават простор. Препуштете им го тоа на Грците, кои мислат дека мајмуните дошле по Грците. Ако одиме кај Турците, тие можат да направат голема кавга дали е турското кафе, или е грчкото кафе. Тоа е многу силно кафе, така што е подобро да не го вкусувате. Така истото нешто е и кај северномакедонците и Бугарите.“
Home Македонија По Макрон и Рама смислено ги ‘почести’ Македонците со ‘комплиментот’ ‘северномакедонци’!





