По Македонците, со Албанки почнаа да се женат и Срби, и тоа за 2-3 илјади евра

Поранешниот службеник на српската Државна безбедност, Божидар Спасиќ, за „Вести“ открива сè помасовна појава Срби да „купуваат“ Албанки за брак, откако веќе неколку години од Албанија земаат сопруги Македонци, претежно (по)стари ергени.



„Се промени сè, па денес најмногу се тргува со девојки од Албанија, кои се толку многу што не можат ни да се продадат. Тие доаѓаат од Кукс и од други албански места, а цената сега им се движи од 2.000 до 3.000 евра. Порано тие бројки беа поголеми, но дојде до заситување на тој црн пазар, бидејќи Албанците итаат на Запад, каде што бараат жени што ќе им обезбедат документи за работа и за престој. Па така има сè повеќе девојки во Албанија во западниот дел на Македонија и во Косово што не можат да се омажат, па родителите ги даваат за мали пари на српски селани и овчари“, вели Спасиќ.

Покрај Македонците и Србите, Албанки сè повеќе земаат за сопруги и Црногорците.