По мајтапот за ѕвоната што биеле „96 пати на секоја минута“ за кралицата, Пендаровски го повлече твитот

Претседателот Стево Пендаровски или тој што во негово име објавува на Твитер реагира на мајтапот со неговата објава за ѕвоната во Вестминстерската опатија биеле „96 пати на секоја минута“ или 1,6 пати во секунда (?!) за бројот на годините на починатата британска кралица Елизабета Втора, наместо еднаш во минута и така 96 минути.



По укажувањето од твитерџијата „Кичевчанецот“, кој го прогласи за гаф на годината фаличниот твит на претседателот, во кој стоеше и „Вестминистерска опатија“ наместо Вестминстерска, објавата беше повлечена и на нејзино место пласирана коригирана верзија: