Од многуте крупни грешки направени од осамостојувањето на Македонија навистина е многу тешко е да се изјавата најкрупните. „Но, сепак ќе посочам три грешки, кои ја обезличија македонската држава, вели писателот Раде Силјан.
„Првата грешка е лошата приватизација, која поради брзоплетоста, неукоста и алчноста на одредени слоеви, остави илјадници луѓе без работа, без основна егзистенција. Пустошот што го направи приватизацијата денес е видлив во сите села и градови на нашава држава.
Втората и непростлива грешка е промената на името на државата, а третата, според мене, е лекоумно прифатениот договор за божемно „добрососедство“ со нашиот источен сосед.
Но, лудилото е безгранично, па така неуспешниот референдум го прогласија за успешен, а со потпишувањето на „братскиот договор“ се обременивме со многу грижи и, како што мудро вели народот, влетавме како волови во слама.
Дозволивме со нашите идентитетски прашања да манипулираат неуки и постојано да повторуваат дека сѐ е бетонирано, како божем да се градежни работници, а не одговорни политичари“, вели Силјан.







