Скопје синоќа беше еден од десетте градови во светот со најзагаден воздух, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот ширум светот.
Градот се најде на второто место во светот по загаденост со 282 микрограми на кубен метар штетни честички по здравјето на граѓаните.
Позагаден град од Скопје е само Лахоре во Пакистан со 305 микрограми на кубен метар штетни честички.







