По лагите од надлежните протест во ГОБ “8 септември”

Незадоволни од лажните верувања и лошите услови за работи триесетина медицински лица вработени во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денеска одржаа протест во кругот на болницата.



Целата на протестот е изразување револт од неисполнетите ветувања за зголемување на нивните плати и вреднувањето на трудот.

Медицинскиот персонал бара да добие „инфективен додаток“ (како за секоја инфективна болест), како и зголемување на додатоците за дежурства, за кои се жалат дека се двојно помали од оние што ги добиваат нивните колеги од клиничките болници.

„Излеговме на протест бидејќи ни беше ветено дека ќе ни се изедначи вредноста на нашиот труд со клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, но тоа се уште не е сторено. Ние како болница од март се бориме со ковид-19 и мислам дека нашата работа и нашиот труд не е вреднуван. Ни ветија дека дежурствата, платите ќе ни бидат изедначени како со Клиничкиот центар и дека ќе ни го исплатат инфективниот додаток “, вели во изјава за „360 Степени“ д-р Петар Атанасовски.
Атанасовски вели дека барањето не важи само за докторите, туку за целиот персонал, посочувајќи ги медицинските сестри и болничарите како едни од најизложените на ризик во борбата со ковид-19.