Лицата се на возраст од 28 до 35 години, а биле уапсени синоќа откако претходно извршиле тешка кражба, по што побегнале, но полицијата тргнала во потера.
Како што соопшти МВР, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода.
На подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека денеска околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело.
При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници.






