По минатонеделната еднодневна посета во Приштина, првиот вицепремиер од денес е во дводневна посета во Тирана каде на средби со домаќините ќе разговора за билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и – процесот на попис во Македонија.
За пописот, од Кабинетот на Груби велат дека вицепремиерот планира неделава да одржи посебни средби со претставниците на сите заедници во Македонија.
Изјавите на Груби по посетата на Приштина за тоа дека ги повикал косовските политичари да ја повикаат албанската дијаспора од Македонија да учествува на пописот и неговата изјава дека приоритет на македонската надворешна политика е признавањето на Косово предизвика бурни реакции во македонската јавност, но не и од партнерите во Владата.






