По „Копанки“ изгоре и „Ловечка куќа“ на Пелистер

Изгоре планинарската куќа „Ловечка“ која се наоѓа на надморска височина од 1950 метри на Баба Планина.



Ова беше објект кој го користеа битолските планинари, како и вработените од предавателниот пункт „Пелистер“ во ситуација на невреме или висока снежна покривка.

Битолските планинари , но и останатите жалат што по опожарениот дом „Копанки“, ова е втор објект кој е опожарен на планината.