Членот на Централното раководство на Алијанса на Албаснците, Аднан Незири, изјави дека партијата се наоѓа пред голема одлука која треба да ја донесат до крајот на оваа недела.



Во игра се три опции: На избори да се оди со албанската опозиција, да соработува со ДУИ или сама да настапи на избори, рече Незири во интервју за ТВ21.

„Ќе има уште консултации и во рамките на Централното раководство ќе се донесе одлука како ќе настапиме“, вели Аднан Незири според кој најверојатна е опцијата „сами“ на ибори.

Тоа е во согласност и со единбствената досега одлука на партиското раководство, на избори да настапат сами, без да влезат во предизборна коалиција, но Таравари, пред неколку дена изјави дека Собранието може да донесе и друга одлука.

За тоа дали е можно АА да се подели на два дела – дел со Европскиот фронт и еден со опозицискиот блок – Таравари рече дека „секогаш имало поединци кои мислат поинаку, но ќе се почитува одлуката на партиските органи“.