Аналитичарот и уредник на порталот srbi.mk Мирослав Тричковиќ реагира на изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров во врска со бојкотот на доделувањето на Нобеловата награда за литература на Австриецот Петер Хендке.
“Браќа Срби, за владата на СДСМ вие сте официјално геноцидан народ. Света должност на секој Србин е да се бори против оваа власт. До конечна победа”, пишува Тричковиќ откако предходно Димитров порача дека дал налог на македонскиот амбасадор во Стокхолм да ја бојкотира церемонијата за доделување на нобеловата награда.
Иако Србија не беше никогаш осудена за геноцид Димитров вели дека мора да се конфронтира негаторите на геноцидот.
Според косовските и босанските медиуми Хендке бил пријател на Милошевиќ и го негирал злосторствата во Босна и Херцеговина.




