Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека неговата компанија Spacex ќе продолжи да го финансира интернетот во Украина преку системот Starlink.



„И по ѓаволите… додека Старлинк продолжува да губи пари, а другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние само ќе продолжиме да ја финансираме владата на Украина“, напиша Маск синоќа на Твитер, објави Ројтерс.

Маск во петокот рече дека неговата компанија не може да го финансира Starlink во Украина на неодредено време и побара Пентагон да ги покрие трошоците.

Илон Маск веќе нема да ја ѝ нуди услуги на Украина – Пентагон нека плати

Мрежата Starlink е дизајнирана да обезбеди пристап до Интернет преку голем број микросателити.