Условите за вработување на ГАК, кои се однесуваат на етничката припадност предизвика револт кај граѓаните. И докторите не можеа да останат рамнодушни, па така докторот Нико Беќаровски, кој секако, покрај стручнсота, во јавноста е познат и по критиките, од кои не се воздржува и секогаш укажува кога има големи пропусти, или грешки во мерките на институциите реагираше со сатиричен статус на социјалните мрежи.
– Офталмолошката ординација „ПРИ ЗДРАВИ ОЧИ СЛЕП” распишува конкурс за вработување на 4 очни лекари, од кои еден со сини и три со кафени очи.
„Тежината” на мозокот и „вештината” на рацете не се важни, ако кандидатите немаат соодветна боја на очите.
Кандидатите со зелени и црни очи ќе бидат дисквалификувани, ако не стават леќи со соодветна боја – напиша Беќаровски.





