Египет и Мексико се разделени со илјадници милји океан и пустина, со многу различни јазици, кујни, политика и култури.



Но, граѓаните во двете земји во петокот наутро, со симпатии и хумор го примија постледен гаф на американскиот претседател Џо Бајден.

На спорната прес-конференција во четвртокот вечерта, чија цел беше одбрана на неговите когнитивни способности, Бајден ненамерно го нарече египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси „претседател на Мексико“.

Изјавата брзо ги запали социјалните мрежи во двете земји.

Мексиканците споделуваа слики од своето знаме со египетскиот орел, додека Египќаните споделуваа слики од мексиканскиот орел на египетското знаме, со хумористични натписи како „Да живее Арапската Република Мексико“.

„Да бидеме искрени. Мешањето на знамето на Мексико и Египет изгледа навистина кул“, напиша еден корисник од Мексико Сити.

Другите корисници на платформата ‘X“ отидоа уште подалеку, споделувајќи слики генерирани со вештачка интелигенција од храмови на Маи неверојатно сместени во песочните дини во близина на пирамидите, од продавачи на тако облечени во сомбреро во Гиза или претседателот Ал-Сиси облечен во традиционална мексиканска облека и тропа на гитара.

„И двете земји имаат пирамиди“, напиша еден корисник на X.