На социјалните мрежи беше објавено дека повторно пропаднал камион во Фонтаната на Плоштадот Македонија., веројатно при подготовките на манифестацијата „Пиволенд“ што треба да се одржи на Плоштадот.



Ова е втор случај по 2017 година кога непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон, камион пропадна во фонтана на плоштадот.

„Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана со вкопано армирано-бетонско корито”, изјавија тогаш од Град Скопје.

Водата што прска од фонтаната, истакнуваат оттаму, понира меѓу плочите, се прочистува и се враќа во системот. Поради таквиот начин на работа, површинските фонтани никаде во светот не се предвидени по нив да се движат возила, а особено не тешки товарни возила.

Следната случка беше лани во март кога на плоштадот се преврте машина за чистење, односно пропадна во голема дупка на плочникот.