По Европарламентот, Петир продолжи да се бори за Македонија и во хрватскиот Сабор (ВИДЕО)

Пријателката на Македонија, Маријана Петир, во хрватскиот Сабор продолжи таму каде што застана во Европскиот парламент во својата борба за „македонските правдини“.



Со пратеничко прашање до премиерот Андреј Пленковиќ таа уште еднаш се заложи Хрватска да помогне за отворањето преговори на Европската унија со Македонија и надминување на „сопките“ што постојано ѝ ги поставуваат некои земји-членки, како што рече.

Основачката и поранешна шефица на Групата пријатели на Македонија во Европарламентот беше сменета од таа функција од Владата на Заев по нејзиното доаѓање на власт.