За секои 48 сантиметригилне или е ранет руски војник во Бахмут. Министерството за одбрана ги објави своите наоди во видео објавено на Твитер, а кое го пренесе руската редакција на Би-Би-Си
Ваквата пресметка ја направи британското Министерство за одбрана врз основа на фактот дека во областа Бахмут Русија напреднала за околу 29 километри, а нејзините загуби изнесуваат 60.000 луѓе.
„Сега само 1% од предвоеното население од 70.000 живее во градот“, забележува Министерството.
Кон крајот на мај, американскиот претседател Џо Бајден тврдеше дека Русија изгубила до 100.000 луѓе во близина на Бахмут.
Рускиот уреднички тим на Би-Би-Си и тим волонтери успеале да ги утврдат имињата на 5.703 лица кои можеби загинале во борбите за Бахмут.
Би-Би-Си верува, врз основа на набљудувањата на гробиштата во различни региони на Русија, дека реалниот број на жртви може да биде двојно поголем од бројот на мртви кои се идентификувани по име. Односно, според најконзервативната проценка, руската страна можеби изгубила околу 12 илјади луѓе во битките за Бахмут.






