Членови на македонската група на глобалното хакерски движење Анонимуси (Anonymous) вечерва ги урнаа веб сајтовите на две министерства.
Откако вчера го урнаа официјалниот сајт на пејачката Дуа Липа која објави мапа на Голема Албанија на која има и територии на Макеоднија денеска урна две владини институции.
Сајтовите на Министерствата за здравство образование не се достапни повеќе од еден час.
Пораката со која се најавува удар на две институции одеднаш на следниот твитер профил.
анон1: Брат шо е план?
анон2: дифејс се знае, на 2та таргети одеднаш.
анон3: Спремни сте????
анон1 и анон2: АЈДЕЕЕЕЕЕЕ.
анон1: Mission is a go!
анон4: А где је печат за мисија?
анон5: теовел..
анон6: СТАЈТЕ ЈА БРИТНИ У ПОЗАДИНА ИНАЧЕ ЌЕ ВЕ ЗГАЗАМ СИТЕ!@ZdravstvoMK #OpMacedonia— AnonOpsMKD (@MkdOps) July 23, 2020






