По дождот, конечно сонце

Од денеска па во наредните денови ќе настапи претежно сончево и значително потопло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.



Прекинот на дождовите ќе придонесе за стабилизирање на водостоите на надојдените реки во последните неколку дена и за повлекување на водата од поплавените места.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 6 и 17, а максималните дневни соодветно ќе бидат од 21 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се искачи до максималните 29 степени.