По дојава за бомба, авион што летал за Москва итно вратен во Белград

вионот кој денеска полета од белградскиот аеродром за Москва итно е вратен во по дојавата за бомба, дознава Телеграф.рс.



По електронска пошта пристигнала порака дека во авионот имало експлозивна направа во моментот кога авионот бил во воздух.

Во авионот имало 209 патници и членови на екипажот.

Авионот е веднаш евакуиран по слетувањето на белградскиот аеродром, а специјални тимови почнуваат да го проверуваат авионот.

Како што дознава Телеграф.рс, на лице место е екипа за контрадиверзија на МВР на Србија.