По денешниот вооружен напад врз ученици и наставници и училишен персонал во Белград,, Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) одлучи од утре да ја прекине работата во сите училишта во Србија.



Одлуката е донесена врз основа на Законот за безбедност и здравје при работа, бидејќи на вработените во образованието им се заканува непосредна опасност по нивниот живот и здравје, се вели во соопштението.

НСПРС изразува сочувство до семејствата на жртвите, и бара итно разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, „поради одговорноста за денешната трагедија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во која загинаа неколку лица.

Поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградските основни училишта нема да има настава попладне, потврдија за РТС од Министерството за образование. Во училиштата ќе има само дежурен кадар.