Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје се пофали со „капитална“ инвестиција – на наплатниот пункт на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и на благајната во службата на сектор „Пајак“, поставени се натстрешници со цел заштита на корисниците од дожд и сонце?!



„ЈП ‘Градски паркинг’ – Скопје секојдневно работи на подобрување на условите за користење на јавните градски паркиралишта“, велат оттаму.

„Грандиозниот зафат“ на локалните власти во Скопје по својата „епохалност“ може да се спореди само со големата работна победа во Ротино, каде што пред три години тогашната градоначалничка Наташа Петровска лично ја врачи донацијата „помошно црево за заштита од пожари“ од Општина Битола.

Не помала грижа за граѓаните покажа и Општина Вевчани пред две години, кога во екот на епидемијата од Ковид-19 се пофали со набавка на нова тракторска прскалка за поефикасно и побрзо дезинфицирање на улиците.