Четврт земјотрес воп 9.04 часот беше регистриран во Загреб, со јачина 3,2 според Рихтер.
На улиците на хрватската престолнина се пожарникарите и армијата, кои интервенирале на места каде имало луѓе заглавени во станови и лифтови.
Се стравува дека има и луѓе под урнатини.
До граѓаните се апелира да бидат внимателни кога се движат низ градот бидејќи се оштетени голем број оџаци и покриви и да избегнуваат движење во близина на згради., пренесе Телеграф.рс





