Протестот на околу 2.000 мигранти во камп во близина на Солун кои три дена се обидуваа да стигнат до грчко-македонската граница, а оттаму кон Запад, се чини го вклучи алармот во земјите кои се на таканаречената „Балканска рута“.



Причина повеќе беше координираниот протест на бегалци кои се во Атина кои кои тргнаа кон Север, но и околу 950 мигранти уапсени од турската полиција во обидот да ја поминат границата кон Грција за да се приклучат на оние од Солун.

Истовремено, бугарските власти најавија дека 3.000 припадници на армијата се подготвени да ја обезбедат границата од наплив на мигранти.

Властите велат дека причина за „раздвижувањето“ била повици на социјалните мрежи да ја поминат границата кон Македонија каде ги чекале автобуси обезбедени од невладини организации за да ги пренесат кон западните држави.

„Доколку границите на Европа и понатаму бидат херметички затворени за минување на мигранти, и БиХ ќе го направи истото на границите кон нејзините источните соседи“, изјави претседателот на Советот на министри на БиЏ, Денис Звиздиќ.

„Ние веќе побаравме од Претседателството на БиХ да го одобри учеството на припадниците на вооружените сили, се разбире не на воружени единици, да го спречат нелегалниот премин на мигранти од Србија“, рече Звиздиќ.